СДСМ: Се потврди дека Мицкоски е манипулатор, призна за средба со Палевски

од Nikola Popovski
545 прегледи

СДСМ го смета за скандал тоа што лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, јавно призна дека имал средба со Љупчо Палевски-Палчо, осомничен за двете убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Оттаму велат дека „Палевски беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ, јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица и заедно беа дел и од насилните протести со гилотињи и мотолови коктели пред Собранието против францускиот предлог“.

-Мицкоски исто така призна дека немал информации за случајот со двете грозоморни убиства, иако до пред некој ден тврдеше дека има озбилни информации за случајот. Се фати Мицкоски самиот во своите лаги. Се потврди дека е манипулатор, кој за политички профит злоупотребува и случај на убиство на дете, се вели во партиското соопштение на СДСМ.

Mицкоски синоќа во интервју одговори дека можеби пред 4-5 години имал средба со Палевски, додавајќи дека Палчо му бил непријател кој му се заканувал нему и на неговиот постар син.

– Во случајот не беа политички пораки, туку навреди кон мене и моето семејство, конкретно кон мојот постар син. На таа средба моето прашање било зошто и кои се аргументите, да ги слушнам, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорчевска беше пријавена за исчезната на 27 ноември 2023, и според МВР, во потрагата по неа биле вклучени стотина полициски службеници, биле прегледани снимки од 50-ина камери и направени голем број информативни разговори. Безживотното тело на Вања беше пронајдено пред недела дена, во близина на скопското село Бразда. Нејзиното исчезнување го пријави нејзината мајка, а во потрагата се вклучија и надлежните институции и голем број граѓани.

Заднината на случајот со Ѓорчевска била да се изнудат пари од мајката на Вања, бил вмешан и член на семејството, а организаторот на сето тоа е и извршител на убиството.

Слични содржини