161
На 18.12.2023 година, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода И.Г.(41) и Т.Г.(41) од село Просениково, струмичко.
При претрес на нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.