МОН ги објави повиците за помош од 1.200 и 1.800 денари за учениците и ваучери за студентите

од Nikola Popovski
406 прегледи

Министерството за образование и наука денеска ги објави повиците за финансиска поддршка за ученици и студенти.

Со повикот за финансиската поддршка за ученици од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари месечно почнувајќи од декември ќе се исплаќаат по 1.200 денари за основците и од 1.800 денари за средношколците. Повикот е отворен до 26-ти декември.

Кандидатите треба да се пријават во училиштето во кое ученикот е запишан.

При пријавувањето, треба да пополнат обрасци за: – основно образование: Пријава на родител/старател поднесувач на барањето, Изјава од другиот родител/старател; -средно образование: Пријава на родител/старател поднесувач на барањето,  Изјава од другиот родител/старател.

Треба да приложат: Копија од трансакциска сметка на еден родител/старател подносител на пријавата, Потврда од работодавачот за последно исплатена нето плата на двајцата родители/старатели, Доколку е дете на починат родител доказ-извод од книгата на умрените и последен чек од пензија, Доколку е дете од разведени родители доказ-решение од правосилна судска пресуда, Доколку е дете на родител пензионер доказ –последен  чек од пензија, Доколку е дете на невработен родител доказ- потврда од Агенција за вработување на Република Северна Македонија дека е невработено лице кое не прима паричен надоместок или прима паричен надоместок со наведена сума на паричниот надомест, Изјава од другиот родител/старател за давање согласност, подносител на пријавата да биде таткото/старател, односно мајката/старателка  за користење на финансиска поддршка во износ од 1.800 денари за учениците од средното образование, односно 1.200 за учениците во основното образование чие семејство има вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари.

Повикот за финансиска поддршка на студенти кои живеат надвор од местото на студирање за академската 2023/24 година е отворен до 24-ти декември.

Стекнување за финансиска поддршка за корисниците, е во висина на месечниот билет за меѓуградски сообраќај од местото на живеење на студентот до местото на студирање, во износ не помал од 600 денари и не поголем од 1.200 денари месечно, за период од седум месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година.

За добивање на финансиска поддршка кандидатите треба да се пријават електронски, на следниот линк: https://e-uslugi.mon.gov.mk/.

При пријавувањето, треба да ги пополнат податоците во пријавата за стекнување на финансиска поддршка на студенти кои живеат надвор од местото на студирање како и изјавата за давање на согласност за обработка на личните податоци на студентот за финансиска поддршка на студенти, кои живеат надвор од местото на студирање.

Исто така, треба да се прикачат следните докази: Потврда за редовен студент на државен универзитет; Уверение за државјанство; Лична карта или друг документ за идентификација;  Трансакциска сметка; Доказ за висина на месечниот билет за меѓуградски превоз од местото на живеење до местото на студирање.

Средствата за финансиската поддршка се исплаќаат од Буџетот на Република Северна Македонија за тековната година, како паричен износ на трансакциските сметки на корисникот, на финансиската поддршка.

За студентите кои не се пријавиле или не ги исполниле условите за добивање на финансиска поддршка на претходните повици, Министерството за образование и наука, секој месец објавува повик, најдоцна до петтиот ден во месецот, кој повик трае седум дена од денот на објавувањето.

Министерството за образование и наука, по извршената проверка на податоците и доказите во рок од пет работни дена од денот на пријавувањето на студентот за добивање на финансиска поддршка, ќе утврди статус на прифатено или одбиено барање за финансиска поддршка, во самата апликација.

За сите прашања поврзани со пријавувањето на корисниците за финансиска поддршка на студенти, Министерството за образование и наука обезбеди поддршка, преку Секторот за високо образование и тоа на следниот контакт: studenskiprevoz@mon.

Слични содржини