Бригадите Ал-Касам, военото крило на Движењето на исламскиот отпор Хамас, објавија видео на кое се гледаат тројца израелски затвореници во Појасот Газа како бараат од нивните лидери да не ги оставаат во заробеништво и да не дозволат „да остарат таму“.
Хаим Бери (79), еден од израелските затвореници, навел дека е од кибуцот Наир Уз и дека е во заробеништво заедно со група стари лица, пациенти со хронични болести, кои страдаат поради многу тешките услови во кои тие се.
„Ние сме генерацијата која ја изгради државата и учествуваше во градењето на армијата. Не разбирам зошто сме оставени овде?“, додаде тој.
Очигледно апелирајќи до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, тој рече: „Морате да не ослободите по секоја цена“.
„Не сакаме да бидеме жртви на напади на воздухопловните сили. Ослободете нè без никакви услови и не дозволувајте да остареме овде“, продолжи тој.
Во Тел Авив ескалираат демонстрациите со барање за нов договор за размена на затвореници, особено откако израелските сили убија тројца израелски затвореници во Газа, што предизвика гнев и зголемен притисок врз десничарската влада на Нетанјаху.