Спасена девојката на киднапираниот британски милионер: Полицијата ја испрашува Колумбијката

од Stefanija Kuzmanovska
291 прегледи

Детективите ја испрашуваат гламурозната девојка на киднапираниот британски милионер Колин Армстронг (78), откако таа наводно била спасена во тајна операција контролирана од властите во Еквадор, велат непотврдени локални извештаи.

Убавицата со колумбиско потекло Кетрин Паола Сантос беше киднапирана заедно со нејзиниот многу постар партнер од неговиот ранч во саботата во Еквадор.

Адвокатот Рикардо Ванегас рече дека жената била спасена и дека полицијата сега ја испитува за киднапирањето.

Се појавија шпекулации дека вистинското име на Кетрин е Алберто Сантос и дека имала операција за да „изгледа поженствено“, пишува „Мирор“.

Британските разузнавачки служби денеска ѝ помагаат на еквадорската полиција во потрагата по Армстронг и неговите киднапери, бидејќи стравувањата за неговата безбедност и понатаму се зголемуваат.

Националната полиција на Еквадор досега даде само еден официјален коментар за киднапирањето, кое се случило околу 2:45 часот по локално време во саботата на ранчот на британскиот бизнисмен во провинцијата Лос Риос.

На социјалните мрежи има нивни заеднички фотографии од одмори и патувања.

Неговиот син Ник, кој помага во водењето на семејниот бизнис во Северен Јоркшир, одлетал во Еквадор за да ѝ помогне на полицијата да го лоцира неговиот татко, кој не бил виден или чуен од киднапирањето.

Неговата ќерка Дајана изјавила за „Дејли Меил“ дека тие само сакаат татко им да се врати дома.

„Ова е критично време, ни рекоа никому ништо да не кажуваме. Само сакаме татко ми да се врати дома“, рече таа.

Слични содржини