МТСП: Повеќе средства на општините за зголемување на капацитетите во градинките

од Nikola Popovski
142 прегледи

Согласно одлука донесена на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за труд и социјална политика денес потпиша 5 договори за меѓусебно регулирање на правата и обврските во однос на реализација на средства од капитални дотации. Министерството потпиша договори со Општина Бутел, Општина Кисела Вода, Општина Ѓорче Петров, Општина Аеродром, и Општина Карпош.

Со потпишувањето на договорите за проекти, Владата на Република Северна Македонија преку буџетот на Министерството за труд и социјална политика доделува на општините над 4 милиони евра

-Соработката на централната и локалната власт продолжува. Со потпишувањето на договорите Владата уште еднаш покажа дека потребите на граѓаните и развојот на општините е на прво место, велат од МТСП преку соопштение.

Слични содржини