СДСМ: Изборите ќе бидат своевиден референдум за иднината на земјата

од Nikola Popovski
326 прегледи

СДСМ утрово соопшти дека лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски потврди дека ВМРО- ДПМНЕ сака целосна блокада на европскиот пат на државата. Според партијата на власт, „со ДПМНЕ нема членство во ЕУ, ниту за 100 години, потврди лично Мицкоски, пред целата македонска јавност“.

-Антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица е закана за европската иднина, која мора да биде поразена, велат  од СДСМ.

Според нив, изборите ќе бидат своевиден референдум за иднината на земјата.

Запрашан за противењето на неговата партија за гласање на уставните измени и како тоа може да значи нови 10 години блокада , Мицкоски пред два дена одговори дека тоа може да биде и повеќе.

-Може да бидат и сто години и никогаш да не се случи, рече Мицкоски во интервју. Тој исто така посочи дека размислува неговата партија да ги повлече своите членови од Државната изборна комисија.

-Насилно ќе се однесуваат и ќе ја опструираат работата на ДИК. Гледаме дека опозицијата во албанскиот блок не може на пристоен начин да номинира член во рамките на Комисијата. Ако продолжат вака да се однесуваат, се уште се консултирам со соработниците, нема ни што ВМРО-ДПМНЕ да бара во работата на ДИК, порача вчера Мицкоски од Свети Николе.

Слични содржини