216
Србинката М.Р. била нападната во петокот околу еден часот по полноќ поради расправија помеѓу девојката и таксист за сумата која требало да ја плати, пренесе „Телеграф.рс“.
Таксистот наводно сакал да ѝ наплати возење на девојката кое било 6-7 евра поскапо од напишаното на апликацијата. Потоа почнал да ја влече за коса.
Соседите го слушнале нејзиниот повик за помош и еден од нив се симнал и ја оттргнал девојката од рацете на таксистот.
Таа за случајот ја известила полицијата.