АРМ е 108. најмоќна војска во светот

од Nikola Popovski
283 прегледи

Специјализираниот портал кој се занимава со воени анализи „Global Firepower“ објави нова листа на најмоќните воени сили во 2023 година, иако експертите предупредуваат дека таквите листи се субјективни и несовршени.

Листата на воени сили за 2023 година објавена на страницата „Global Firepower“ ги рангира армиите на 145 земји, притоа земајќи ги предвид многу фактори, како што се количината и софистицираноста на опремата, финансиите, географијата и ресурсите, пренесува „tportal“.

Армијата на Северна Македонија е на 108. место на листата. Од земјите од регионот најдобро рангирана е грчката војска која го зазема 30. место. Србија е 58, Бугарија 59, Хрватска 68, а Словенија е 86.

По АРМ, од земјите од регионот следуваат Црна Гора на 128. позиција и Босна и Херцеговина и Косово кои според моќноста на армиите го заземаат 133. и 134. место од вкупно 145 позиции.

Според листата на најмоќни армии во 2023 година, очекувано на прво место се САД, а потоа следат Русија, Кина, Индија, Велика Британија, Јужна Кореја, Пакистан, Јапонија, Франција, Италија, Турција, Бразил, Индонезија, Египет, Украина, Австралија, Иран, Израел, Виетнам, Полска, Шпанија, Саудиска Арабија, Тајван, Тајланд и Германија.

-Се зема во предвид количеството воена опрема и војници што ги има секоја земја, како и нивната финансиска положба, географија и расположливи ресурси, па информациите може да бидат нецелосни. Имено, рангирањето ја оценува војската само од конвенционална гледна точка, игнорирајќи го капацитетот на една земја за нуклеарни напади, пишува „Business Insider“.

Слични содржини