Украина планира да произведе повеќе од милион дронови за воена употреба

од Stefanija Kuzmanovska
180 прегледи

Украина планира да произведе еден милион извидувачки и офанзивни FPV дронови и повеќе од 11.000 дронови со среден и долг дострел следната година, изјави денеска украинскиот министер за воена индустрија Олександар Камишин.

„Сите производствени капацитети се подготвени и започнува потпишувањето на договорот за 2024 година“, рече Камишин, а пренесе „Ројтерс“.

Тој додаде дека е планирано производство на најмалку 1.000 дронови со домет поголем од 1.000 километри.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претходно изјави дека украинската армија побарала да се мобилизираат меѓу 450.000 и 500.000 луѓе.

„Прашањето е многу чувствително. Армијата укажа на недостигот на работна сила и побара мобилизација на дополнителни 450.000 до 500.000 луѓе. Тоа е сериозна бројка“, рече Зеленски.

Тој додаде дека Украина не е блиску до пораз, наведувајќи дека претходно била во потешка позиција.

Слични содржини