Јакимовски до Јаревски: Нека каже од каде му е дипломата, ако не ќе им одговори на истражните органи

од Nikola Popovski
381 прегледи

Тони Јаревски е човек без кредибилитет. Тој може да биде соговорник само на Мицкоски и не може да поставува туку треба да одговари на прашањето од каде ја набави дипломата, објави градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски како реакција на денешниот изнесен став на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Јакимовски истакнува дека доколку Јаревски не ѝ одговори на јавноста, треба да им одговори на истражните органи.

Што се однесува до проектот Алумина се што го интересира на седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ нека си го праша својот потпретседател Владо Мисаиловски-Кендо. Тој ги знае сите одговори и сите договори за Алумина, посочува првиот човек на општина Карпош.

Претходно Јаревски постави неколку прашања до Јакимовски преку изјава за медиумите.

-Дали Стевчо Јакимовски барал од Димитар Ковачевски да му ги одземе ингеренциите, за со одлука на влада да се бетонизира кај Алумина? Дали Стевчо Јакимовски побарал од Ковачевски да се прескокне Советот на општина Карпош и волјата на карпошани, само за да им успее бизнисот од 600 милиони евра? Димитар Ковачевски да каже дали на средбата со Стевчо Јакимовски дал ветување дека ќе му ги одземе ингеренциите и ќе продолжи со планот за изградба на висококатниците кај Алумина?, рече меѓу другото Јаревски.

Слични содржини