Убеден сум дека контролорите на летање нема да штрајкуваат – граѓаните да бидат сигурни, порача Бочварски

од Nikola Popovski
293 прегледи

Министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски е убеден дека Синдикатот на Контрола на летање ќе отстапи од најавата за штрајк на 25 декември и на 1 јануари. Порачува граѓаните да бидат спокојни, бидејќи, како што изјави, се прави се и се прават напори.

-Граѓаните да бидат сигурни дека правиме се и правиме напори, а убеден сум дека контролорите од таа најава ќе отстапат, тие ќе имаат свој состанок. Но, по она што го дискутиравме и двајцата заклучивме дека интересот на граѓаните и на државата мора да биде пред се и над се, изјави Бочварски, на новинарско прашање.

На вчерашната средба помеѓу Бочварски и синдикатот на М-НАВ било побарано најавениот штрајк во авиопревозот да не се спроведува од причина што административните работи не треба да бидат пречка за нормално одвивање и функвионирање на работата на контролата за летање

Од соопштението на Министерството за Транспорт посочуваат дека оваа состојба ќе се надмине на начин што тие доследно ќе се придржуваат кон Спогодбите од договорот од месец октомври меѓу менаџметот на М-НАВ, Синдикатот и Министерството за транспорт и врски како посредник за надминување на состојбите во Друштвото.

Повикувајќи се на разговор со директорите на М-НАВ, и премиерот Димитар Ковачевски со информација дека нема да имало штрајк и авиосообраќајот ќе се одвивал непречено.

Слични содржини