ДИЦ до Шаќири: Најавите за 30% поголеми плати од јануари е непостоечка уредба

од Nikola Popovski
224 прегледи

Државниот испитен центар смета дека министерот за образование, Јетон Шаќири ја доведува во заблуда јавноста, со најавите дека ќе го реши нивниот проблем на почетокот на следната година. Оттаму велат дека министерот се повикува на непостоечка уредба со која би добиле додаток на плата.

-Не бараме додатоци, туку бараме достоинствена плата како што ја имате и Вие и општ колективен договор кој би важел од јули 2025 година, му одговорија од Синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ) на министерот за образование.

-Министре, сериозен политичар борбата на вработените за достоинствена плата за егзистенција не смее да си дозволи да ја исмева нарекувајќи ја желба за популарност, додаваат од Центарот.

Шаќири порача дека од почетокот на следната 2024 година, директорката на Државниот испитен центар ќе има можност да им ја зголеми платата на вработените.

-Има нов колективен договор, нови одлуки на Министерството за финансии и нов начин на зголемување на платите. Од јануари директорката на ДИЦ ќе има простор да ги зголеми платите за 30 отсто. Мислам дека со тоа проблемот ќе се реши. Јас никогаш не велам дека не треба повисоки плати. Но, кога некој во јавноста сака да стане популарен и да блокира 500 наставници, тоа не е во ред, изјави Шаќири.

Штрајкот во Државниот испитен центар продолжува. Ситуација ескалираше откако вработените не го добија посакуваното зголемување на платите, односно измена во посебниот колективен договор што ќе овозоможи покачување на плата од 25%.

Околу 700 кандидати чекаат да полагаат за лиценца што ја издава ДИЦ, но поради штрајкот тоа нема да се случи во оваа сесија, информираа вчера на прес-конференција раководството на Синдикатот во ДИЦ и на Сојузот на синдикати на Македонија.

Слични содржини