По трет пат започнува судењето за родилката од Дебар на која ѝ беа извадени три органи

од Nikola Popovski
256 прегледи

Во Основниот суд во Струга утре третпат ќе почне судскиот процес против тројцата лекари од Струшката болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска, обвинети од Јилдз Веапоска, од Дебар на која при породување со царски рез и биле отстранети матка, јајник и бубрег.

Судскиот процес со родилката од Дебар третпат почнува од почеток поради пензионирање на судиите кои го водеа, а Јованов е трет судија што од почеток ќе ја почне постапката.

Обвинителството цени дека при укажувањето лекарска помош, тројцата доктори Мухамед Асани, неговиот син Блертон Асани и Лилјана Јованоска, примениле очигледно неподобно средство и начин на лекување врз пациентката со што предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба. Според обвинението, на родилката од Дебар при породувањето со царски рез обвинетите ѝ оштетиле лева бубрежна артерија и покрај таквата состојба не презеле мерки, туку ѝ давале терапија при што таа паднала во шокова состојба, и повторно ја оперирале и ѝ отстраниле матка и левиот јајник кои не биле повредени. Крварењето, како што беше кажано, не застанало, а со вториот оперативен зафат било откриено дека е оштетена артерија, има тешко нарушување на здравјето и ѝ бил отстранет лев бубрег по што била пренесена во Скопје.

Докторите се гонат за кривично дело тешки дела против здравјето на луѓето. Скандалот со родилката се случи на 31 август 2020-та година.

Слични содржини