Финансиската поддршка на Владата значи многу за компаниите, го зголемува бројот на работни места и ја подобрува материјалната состојба на компаниите и со тоа и на самите вработени.
Ова е пораката која му беше упатена на заменикот на претсетседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи при неговата посета на компанијата „Русе Комерц” во Гевгелија, каде беше придружуван од Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Во неговата изјава, вцепремиерот Битиќи рече дека компанијата „Русе Комерц” е компанија од прехрамбената индустрија која владата финансиски ја поддржува преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции со потпишан договор за инвестициски проект 2020- 2024 година.
Финансиски ја поддржуваме по мерките Капитална Инвестиција и Конкурентност на Пазар, за што „Русе Комерц” до крајот на завршување на Инвестицискиот Проект е предвидено да инвестира 88 милиони денари. Заклучно со 2022 година, Владата и има исплатено околу 3,5 милиони денари финансиска помош”, рече Битиќи.
Вицепремиерот Битиќи додаде дека преку ЗФПИ, ги правиме нашите компании поконкурентни и поразвниени, бидејќи само така можат да обезбедат достоинствени плати за нивните вработени.
„Работниците се силата на нашата економија и на целото општество, затоа Владата освен преку ЗФПИ се погриживо новиот пакет антикризни мерки да воведе мерка за достоинствени плати во приватниот сектор. Обезбедивме финансиска поддршка за субвенционирање на придонесите на нови и постојни вработени, за зголемување на платите на работниците од 3.000 – 9.000 денари”, рече Битиќи.
Сопственикот на компанијата, Димитар Русев, упати благодарност до владата и до вицепремниерот за финансиската поддршка која и овозмоши на компанијата да ја заокружи инвестицијата, прво со изградената хала и нарачаните машини, и го охрабри вицепремиерот да продолжи со финансиската помош преку ЗФПИ.
„Поддршката е голема, на сите компании ќе им значи оваа поддршка за било која гранка на произвотство. Со тоа, не само што се зголемува бројот на работни места туку и се подобрува материјалната состојба не само на фирмите туку и на вработените, и севкупно во државата”, изјави Русев.
Инаку, до сега Владата има поддржано 919 домашни компании за нивните инвестициски циклуси со реализирани 500 милиони евра инвестиции, подржани со 100 милиони евра.