Бесими: Секој министер што ќе вработи надвор од обезбедните средства од Буџетот, ќе одговара кривично

од Nikola Popovski
185 прегледи

Има олеснување на процесот. Неколку новитети во Законот за буџети што е пред вас заедно со Предлог-буџетот за 2024 година, меѓу кои се фискалните правила, фискалниот совет, дигитализацијата, нова структура на фискалната стратегија и стратегија на јавниот долг, но исто така и зголемување на одговорноста и поедноставување на  процесот на вработување, како и зголемување на транспарентноста за вработувањата во јавниот сектор. Со тоа што има децентрализација на тоа што досега се покажа во овие скоро 30 години, каде што институции на нереална основа доставуваат барања надвор од она што се обезбедени финансиски средства и тоа создаваше дополнителен пораст на администрацијата годишно од 3000 до 4000 барања. На 10000 дадени согласности за вработувања и 5000 договори на дело, просечно на неколку години наназад, на тоа 4000 барања, една третина се вратени како нереални, затоа што раководните лица на институциите постојано доставуваат барања, иако во последните години беше ставена законска норма да пополнуваат табели со нивните буџети. Самите табели покажуваат дека немаат средства, а во финансии се доставува барање за вработување, рече денеска министерот за финансии, Фатмир Бесими во експозето по Дополнетиот предлог-буџет за 2024 година во Собранието, осврнувајќи се на новата постапка за вработување во јавниот сектор.

Според него, сега таа одговорност по закон носи не само формална, туку и кривична одговорност на секој што ќе вработи надвор од обезбедените средства од буџет. И таа одговорност е на ниво на самите институции.

-Меѓутоа има два механизма за контрола. Прво кој било годишен план за вработување ќе се носи само врз основа на веќе изгласан Буџет во Собрание. Се знае колку средства има за таа намена и тоа е рамката. Секоја институција си прави свој план за менаџирање. Вториот момент е  откако ова ќе се направи секое раководно лице од секоја институција кога ќе достави план за вработување, за оглас ќе може да даде лично изјава под морална и кривична одговорност дека тоа е согласно Планот и обезбедени финансиски средства.

Со ова ја растеретуваме администрацијата и голем дел од барањата што беа нереални  веќе нема да постојат, бидејќи одговорноста се алоцира во самите институции, посочува Бесими.

Како што додава, ова е дел од една реформа во јавните финансии што е почната пред 4 години.

-Законот за буџети е една работа, Законот за дигитализација, исто така, друга работа, во постапка е процес, меѓународен тендер за избор на институција која ќе направи софтвер за трезорот, исто така, и за државната помош, за да се интегрираат сите. Ова се значајни реформи, не за еден состав на влада, ова се значајни реформи за сите институции, во однос на подобро управување на јавните финансии, зголемување на транспарентноста, рече Бесими во обраќањето од собраниската говорница.

Слични содржини