Податоците од анкетата на „Маркет вижн“ направена од 8 до 15 декември покажуваат дека се зголемува поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и на нејзиниот лидер Христијан Мицкоски.
На прашањето „во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба“, 12,95 отсто од испитаниците го кажале името на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, 6,65 отсто од нив го избрале Али Ахмети, лидерот на ДУИ, во актуелниот премиер и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски доверба имаат 4,25 отсто од учесниците во анкетата, потоа следуваат претседателот на Левица, Димитар Апасиев, со 3,5 %, првиот човек на новофоримарниот Знам, Максим Димитриевски се појави на листата на со поддршка од 2,10 % од испитаниците .
Повеќе од половина од испитаниците изјавиле дека немаат доверба во ниту еден лидер на политичка партија.