📷Неколку минути пред полицијата да ги растера демонстрантите, Вучиќ објави фотографија на Инстаграм како јаде јаболка

од Vladimir Zorba
420 прегледи

Неколку минути пред полицијата да ги растера демонстрантите кои се собраа пред градското собрание во Белград, српскиот претседател Александар Вучиќ објави фотографија на Инстаграм како јаде јаболка!

– Моменти на одмор во претседателската функција. Важно е да се зачува мирот, да се уапсат насилниците и да се обезбеди иднината на нашите деца. Сакам, драги пријатели, да знаете дека секогаш сум на своето работно место и подготвен да ја заштитам стабилноста на државата, повикувам на воздржаност, но и на недвосмислено зачувување на државата. Нашата Србија. Една и единствена – напиша Вучиќ на Инстаграм.

Слични содржини