Жителка на Демир Капија го нападнала сопругот и нивното дете, велат од МВР.
-На 24.12 во 10.10 часот во Неготино, полициски службеници ја лишиле од слобода Е.К., на возраст од 34 години, од Демир Капија, затоа што во семејната куќа физички ги нападнала нејзиниот 56-годишен сопруг и нивното малолетно дете, соопштија од Велешката полиција.
За настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.