Талат Џафери не ја заслужува поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за технички премиер. Најмногу што можеме во интерес на добрата атмосфера и демократскиот процес е да се воздржиме од било какво гласање, но тоа е мој став. Ќе видиме што ќе одлучат партиските органи, изјави денеска лидерот на партијата, Христијан Мицкоски на прес-конференција „Инвестиции за развој во 15 општини“.
Вели дека нивен интерес како партија е Македонија да се развива и да понудат проекти кои, како што рече, ќе ја трансформираат земјава.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски вели дека „во коалицијата на СДСМ и ДУИ има дел од опозицијата на опозицијата“.
-Колку повеќе се заедно и во јавна коалиција, толку поголема ќе биде победата на ВМРО-ДПМНЕ и добро е да бидат победени сите на купче, кажа лидерот на најголемата опозициска партија.