1,2K
Пејачката Северина Вучковиќ покажа како го прославила Божиќ во својот дом.
На видеото кое го објави се гледа дека таму е и нејзиниот син Александар, а пејачката го прославила празникот во својот луксузен дом во Сплит.
Станот го опремила со вкус и доминираат нежни бои, а сега се е уредено во духот на празниците.
Вака Северина покажа голем дел од нејзиниот дом, а „Курир“ своевремено напиша дека станови нешто помали од 100 метри квадратни во овој дел од градот се продаваат за околу 650.000 евра.
Златни детали, орнаменти, дрвени мотиви и многу повеќе го красат домот во кој пејачката го поминува времето со своите најблиски.