„На претстојните претседателски и парламентарни избори единствената коалиција којашто ќе ја направиме ќе биде коалиција со граѓаните. Политичкиот субјект ЗНАМ ќе настапи самостојно на следните избори. Тоа што ќе се случува по изборите ќе се случи врз база на постигнатите резултати и довербата којашто и ние, но и останатите политички субјекти ќе ја добијат во државата. ЗНАМ ниту ќе биде спасител на СДСМ, ниту пак ќе биде поткрепа на ВМРО-ДПМНЕ за да дојде на власт”, порача лидерот на политички субјект ЗНАМ и градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски во гостување на ТВ24.
Новиот политички субјект Движење ЗНАМ – За наша Македонија денеска и официјално е регистриран со потпис за упис во Централен регистар, вели Димитриевски и ќе биде субјект од мултиетнички карактер којшто ќе се гради од граѓаните за граѓаните.