СДСМ и коалицијата го презеде мнозинството во Советот на Македонски Брод

од Nikola Popovski
172 прегледи

СДСМ со партиите од коалицијата, меѓу кои ЛДП, како и независни советници го презеде мнозинството во Советотна општина Македонски Брод. Коалицијата на ДПМНЕ и Левица од денеска се во опозицијата во советот, со нивните советници, информираат од владеачката партија.

Велат дека изминале две години од локалните избори, а советот досега бил нефункционален.

-На денешната седница на Советот за нов претседавач е избрана Дијана Јованоска, од редовите на СДСМ. Новото мнозинство во Советот на општина Македонски Брод предводено од СДСМ ќе работи одговорно, во интерес на сите граѓани и конструктивно ќе биде отворена за соработка со градоначалникот, порачаа од партијата на власт.

Од СДСМ очекуваат граѓаните брзо да го почувствуваат бенефитите од работата Советот со новото мнозинство.

Слични содржини