Левица: Апасиев со нова кривична му ја честиташе Новата година на Џафери

од Nikola Popovski
519 прегледи

Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, во текот на денешниот ден до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднел нова кривична пријава, осма по ред, против претседателот на Собранието, Талат Џафери, заради основано сомневање дека сторил кривично дело „Повреда на рамноправноста на граѓаните“. Како што информираат од Левица, делото е казниво по чл. 137 од Кривичниот законик, со предвидена затворска казна од шест месеци до пет години.

Според опозициската партија, Џафери се товари „дека со тенденциозното чување во фиока и непроцесуирањето на Предлогот за поведување граѓанска постапка на државно ниво за распишување задолжителен дополнителен референдум (2022) за заклучоците од т.н. Француски предлог, грубо ја повредил еднаквоста пред Уставот и законите на овластениот предлагач, и ги пречекорил своите овластувања – ставајќи се себеси во улога на собранискиот пленум, кој единствено (на седница) има надлежност да оценува дали една иницијатива е уредна или не“.

-Со тоа, подносителот Апасиев бил целосно оневозможен во остварувањето на неговите уставно и законски загарантирани права и слободи, што е потврдено и со стручно Мислење на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (2023) – која веќе утврди „директна дискриминација врз основа на политичко уверување“ врз оштетениот Апасиев, кој сега се јавува во улога на пријавител. Како поткрепа на кривичната пријава, доставени се и серија материјални писмени докази, од кои се гледа дека во тридецениската плуралистичка парламентарна историја – никогаш се нема случено собраниски спикер да ја оценува уредноста на референдумски иницијативи и да ги узурпира ингеренциите на Собранието, па така – сите досегашни иницијативи на граѓаните, кои се околу 20-на на број, се уредно проследени до матичните работни тела и до пленумот – освен иницијативата на Апасиев, стои во соопштението на партијата.

Слични содржини