Сега сметката за електрична енергија се состои од два дела – еден е енергија каде што има поделба по блокови и другиот дел е мрежарина. Кога ќе се собере цената за енергија во првиот блок и мрежарината, првиот блок се намалуваза 5,16%. Вториот блок и евтината струја се непроменети, додека во третиот и четвртиот блок има зголемување за 2,87% и 1,86%, рече денеска првиот регулатор Марко Бислимовски околу новата цена на струјата која треба да стапи на сила од 1-ви јануари 2024 година.
Според директорот на РКЕ, 80% од потрошувачите во државата никогаш не преминуваат во третиот блок со својата потрошувачка.
-Како може некој да има пет стана и да му е проблем 200 денари за пристап до мрежа. Ние не ги гледаме овие 85-90 отсто од луѓето, туку треба да ги жалиме тие што имаат пет стана? Овие редовните, чесните, цело време по нив се удира. Не може веќе така, кажа Бислимовски за воведувањето на фиксниот трошок за пристап до мрежа.