Битиќи: За шест години ја зголемивме државната поддршка кон компаниите за 12,7 пати

од Nikola Popovski
164 прегледи

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши, на заедничка прес-конференција ги презентираа податоците за исплатата на државна помош по Законот за финансиска поддршка на инвестиции (ЗФПИ) кој е дел од Планот за економски раст, воведен во 2017 година преку кој Владата им дава помош и поддршка на домашните компании за развој и нови инвестиции, а со тоа и за нови вработувања и е наменет за поддршка на развој и зголемување на конкурентноста на домашните компании.

-Оваа година исплативме рекордна сума на финансиска поддршка кон компаниите. 39,6 милиони евра се исплатени кон 513 компании, кои а во минатата 2022 година реализирале вкупни инвестиции од 153,3 милиони евра, информира Битиќи.

Според него, одржливиот, рамномерен и инклузивен развој на државата е политичка заложба на оваа Влада.

-Секој граѓанин, независно од местото на живеење, заслужува можност, креирани услови и шанса за квалитетен живот во своето место на живеење. Ова ќе овозможи и постепена демографска ревитализација на регионите со полека „олеснување” на со години централизираниот фокус на главниот град, кажа меѓу другпто вицепремиерот, додавајќи дека во овие шест години успеале да ја зголемат државната поддршка кон компаниите за 12,7 пати, од 3,1 милиони евра на првата исплата во 2018 година, на 39,6 милиони евра оваа година.

-Што пак споредено со нула државна помош кон домашните компании во 2017 година е веќе споредба која нема потреба и да ја правиме, рече Битиќи.

Слични содржини