Според граѓаните ЕУ, САД, Србија и Германија најмногу придонеле за развојот на земјава

од Nikola Popovski
160 прегледи

Последната анкета на Преспа Институт покажува дека граѓаните сметаат дека Европската Унија, Соединетите Американски Држави, Србија и Германија се партнерите кои најмногу придонеле за развојот на Северна Македонија.

Над 20 отсто до граѓаните сметаат дека ЕУ е сојузот кој најмногу придонел, по што следува Србија со 18,1 отсто, САД со 12,7 отсто и Германија 6,8 отсто

Резултатите по ова прашање драстично се менуваат изминатите неколку години. За споредба, минатата 2022 година, дури 28 отсто од граѓаните одговориле дека најмногу придонеле САД, а 22,1 отсто сметале дека тоа е ЕУ. Во пандемиската 2020 година, пак, процентот за САД бил 12 отсто, додека за ЕУ 31,9 отсто. 17,4 отсто од граѓаните сметале дека Германија најмногу придонесува за демократскиот развој на земјава, 11,3 отсто во 2022 и 6,8 отсто денес.

Во секој случај, граѓаните се на став дека нашите западни партнери се тие што најмногу придонесуваат за демократскиот развој на земјава, во споредба со Русија, за која во 2020 одговориле само 3,5 отсто до граѓаниве, додека оваа година тој процент е околу 1,4.

ЕУ, европските партнери и САД граѓаните ги препознаваат и како најголеми инвеститори во земјава. На прашањето која држава има најмногу директни инвестиции во Северна Македонија, 26,1 отсто од граѓаните одговориле дека тоа е Германија, 18,4 ЕУ, 10,1 Србија и 8,9 отсто САД, покажа анкетата на Преспа Институт.

Слични содржини