На традиционалната листа на 10 најбогати луѓе во регионот што ја составува белградски „Недељник“ доминираат бизнисмени од Хрватска и Србија, а првите три места ги заземаат бизнисмени од Хрватска.
Првото место го зазедоа сопствениците на хрватскиот софтверски гигант „Инфобип“, Изабел Јелениќ и браќата Силвио и Роберт Кутиќ, бидејќи нивната ИТ компанија вреди повеќе од 3,307 милијарди евра.
Во однос на минатогодишната листа, сопственикот на „Аграм Груп“, Дубравко Гргиќ падна на второто место со богатство од 3,124 милијарди евра, а третото место го зазеде претприемачот и иноватор Мате Римац, кој има богатство од 3,047 милијарди евра.
Четвртото место му припаѓа на српскиот бизнисмен и сопственик на „Делта холдинг“, Мирослав Мишковиќ (3,036 милијарди евра), а на петтото е првиот човек на МК Групацијата, Миодраг Костиќ (2,723 милијарди евра).
Според „Недељник“, Мишковиќ е првиот српски претприемач чии компании во Србија вредат повеќе од три милијарди евра, Дејан Чакајац и Јадранка Степановиќ, сопствениците на обложувалницата „Моцарт“, вредат 1,860 милијарди евра, додека сопственикот на индустријата за месо „Матијевиќ“, Петар Матијевиќ, е на седмата позиција со 1,821 милијарди евра. Листата ја затвораат сопственикот на хрватската корпорација Енергија натуралис (1,632 милијарди евра) Павао Вујновац, првиот човек на групацијата „Еликсир“ Станко Поповиќ (1,517 милијарди евра) и сопственикот на „Јунајтед Груп“ Драган Шолак (1,464 милијарди евра).