Сијарто му порача на Јермак: „Унгарија нема да го промени ставот во однос на Украина“

од Stefanija Kuzmanovska
225 прегледи

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, денеска телефонски разговараше со шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак, а во разговорот станало збор за односите меѓу двете земји и за очекуваната средба во јануари.

За време на разговорот, Сијарто истакнал дека Унгарија нема да го промени ставот во однос на настаните во Украина, пренесе ТАСС.

„Како што се договоривме пред неколку недели, денеска имав уште еден телефонски разговор со Андреј Јермак. Одржувањето на дијалогот на високо ниво е многу важно, бидејќи ни дава надеж за подобрување на нашите односи, а ние сме заинтересирани да го одржиме највисокото можно ниво на соработка со сите наши соседи“, напиша Сијарто на социјалната мрежа.

Тој посочил дека Унгарија нема да ја промени својата про-мировна позиција и очекува средба во јануари кога ќе се разговара за најитните билатерални прашања.

За разлика од речиси сите земји на ЕУ, Унгарија од самиот почеток одбиваше да испорача оружје на Украина и се залагаше за мирно решавање на конфликтот преку дипломатски средства, наведува агенцијата.

Сè уште постојат сериозни несогласувања меѓу Будимпешта и Киев во однос на правата на унгарското малцинство во Закарпатската област.

Слични содржини