Магливо и сончево, температура до 17 степени

од Nikola Popovski
232 прегледи

Како што информираат од УХМР, во Берово изутрина во 7:30 часот се измерени -5 степени, -4 во Битола, -3 во Скопје-Петровец, Тетово, Струмица, -2 во Прилеп, Штип, Куманово, Велес, Гевгелија, Демир Капија, -1 во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Дебар, Кавадарци. Нула степени се измерени во Охрид и Претор, два во Виница, три во Дојран и Маврови Анови, четири во Крушево и пет степени на Попова Шапка.

Снежна покривка од 14 сантиметри има во Маврови Анови, а на Попова Шапка еден сантиметар.

Времето денеска ќе биде сончево, претежно тивко и релативно топло со мала локална облачност. По одделни котлини ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе слабее. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.

Во Скопје магливо и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 10 степени.

До понеделник продолжува периодот на стабилно и релативно топло време. Во најголем дел од земјава ќе биде претежно сончево, освен во сабота кога облачноста ќе се зголеми. По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет.

Слични содржини