СДСМ: Пензионерите почнаа да ги добиваат средствата од последниот пакет антикризни мерки

од Nikola Popovski
256 прегледи

Од СДСМ информираат дека започнала исплатата за финансиската поддршка од последниот пакет антикризни мерки. Според партијата, за период од 5 месеци, 15.000 денари ќе добиваат пензионерите со пензии до 14.000 денари.

-10.000 денари добиваат пензионерите чии пензии изнесуваат од 14.000 до 16.000 денари. 7.500 денари добиваат пензионерите со пензија од 16.000 до 19.000 денари. СДСМ како одговорна партија останува посветена на обезбедување пристојни пензионерски денови за нашите повозрасни граѓани, потенцираат од СДСМ.

Од владеачката партија додаваат дека со воспоставената методологија, за 50% се има зголемено минималната пензија и за 50% се зголеми просечната пензија во споредба со времето на ВМРО-ДПМНЕ.

-Нивната партија се сеќаваше на пензионерите само пред избори, стои во партиското соопштение.

Финансиската поддршка за корисниците на право на пензија во висина до 19.000 денари, за период од пет месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година, изнесува:

– 3.000 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина не поголема од 14.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка;

– 2.000 денари месечно корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 14.001 денари до 16.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата  на финансиската поддршка; и

-1.500 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 16.001 денари до 19.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка.

Исплатата на финансиската поддршка ќе се изврши без поднесување на барање од страна на корисниците, врз основа на податоците од евиденциите на центрите за социјална работа и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, за остварено право во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка.

Слични содржини