Судскиот совет бара дисциплинска одговорност за судијката Адеми, се жалат дека не им присуствувала на седниците

од Nikola Popovski
319 прегледи

Судскиот совет денеска на јавна седница ќе одлучува по иницијативата за дисциплинска одговорност на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми.

Според Законот за Судски совет, постапката за утврдување одговорност на судија е од доверлив карактер и треба да биде без присуство на јавноста, но судијката Адеми побарала на сослушувањето на биде присутна јавноста, односно да бидат присутни медиумите. Судскиот совет со осум гласа „за“ одлучи да го прифати барањето на судијката.

-Вкупно на 21 седница на Судскиот совет, судијката не присуствувала. И покрај тоа што непосредно пред одржување на некои од седниците, има доставено известување за неприсуство, сепак истото е без доказ за оправданост на отсуството, со што не ги извршувала законските должности. Со опишаните дејствија, судијката Адеми во наведениот период со неприсуство на седниците, оневможила координирано, активно и ефикасно преземање на мерки и активности во рамки на Судскиот совет, со цел остварување на неговите функции, во насока на обезбедување на самостојноста и независноста на судската власт, изјавија меѓу другото од Судскиот совет на денешната седница.

Обидот за нејзина смена следува по јавниот настап на Адеми, во кој обвини за серија политички притисоци врз Врховниот суд, во однос на постапката за оживување на аболицијата на Иванов.

Слични содржини