Новоизбраниот претседател на Аргентина, Хавиер Милеи испратил писма до Владимир Путин и Си Џинпинг во кои официјално ја отфрлил поканата неговата земја да стане членка на БРИКС, пренесува порталот „Инфобае“.
Аргентинскиот лидер во испратеното писмо напиша дека во моментов не е добар момент земјата да стане членка на БРИКС.
Тој испрати писма и до бразилскиот претседател Лула да Силва, индискиот премиер Нарендра Моди и јужноафриканскиот лидер Сирил Рамафоса.
Аргентина требаше да стане нова членка на асоцијацијата од понеделник, 1 јануари, заедно со уште пет земји: ОАЕ, Саудиска Арабија, Египет, Етиопија и Иран.
БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република) добиле барање од вкупно 23 земји кои изразиле желба да се приклучат на економскиот блок, додава RT Balkan.