Обвинителството ќе вештачи, па ќе одлучува за пиротехничките средства пронајдени кај Д.А. од Зајас

од Stefanija Kuzmanovska
313 прегледи

Основното јавно обвинителство Скопје во врска со синоќа пронајдените пиротехнички средства, ќе одлучува откако ќе се направи нивно вештачење. Како што информира, за настанот е известен јавен обвинител.

Во зависност од фактите кои ќе бидат утврдени со вештачења на пронајдените пиротехнички средства, јавниот обвинител ќе одлучува за натамошниот тек на постапката.

МВР соопшти дека синоќа во 19:50 часот на ул. „Самуилова“ во Скопје, полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од кичевското село Зајас. При преглед на возилото се пронајдени 749 пиротехнички средства.

Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини