СДСМ: Со мерката за евтина тарифа на струја, граѓаните заштедуваат 1.000 денари

од Nikola Popovski
223 прегледи

Енергетските политики и мерки на СДСМ обезбедуваат пониски цени за граѓаните за електрична енергија. Од првиот ден на новата година за домаќинствата ќе има пониска цена на електрична енергија, велат од владеачката партија преку соопштение.

Според СДСМ, за 5% ќе има поевтина цена во прв блок, а вториот блок и евтината струја остануваат исти.

-Политиките на СДСМ во време на здравствена и енергетска криза даваат резултат. Само со мерката за евтина дневна тарифа на струја, граѓаните заштедуваат 1.000 денари, мерка која најмногу ќе ја користат пензионерите, посочуваат од партијата на власт.

Соглсасно одлуката на РКЕ, од Нова година струјата поевтинува за првиот блок за 5,16 отсто, во вториот блок и евтината струја остануваат исти, а за третиот и за четвртиот блок струјата поскапува. Во третиот за 2,88 отсто, а во четвртиот за 1,86 отсто.

Сметките за струја на граѓаните сега се поделени во четири блокови за скапа струја, евтината не се дели во блокови. Тие што трошат повеќе скапа струја, плаќаат повеќе.

Околу 80 проценти од домаќинствата се во првиот и во вториот блок на потрошувачи. Но, во зимските месеци, оние кои се греат на струја, лесно може да преминат во следен блок. Така во ноември во споредба со октомври, 10 илјади домаќинства од првиот и вториот блок преминале во повисоките блокови.

Слични содржини