184
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 25.12.2023 до 29.12.2023 зема 190 примероци за физичко-хемиска и 190 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје.
-Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, известуваат од ЈП Водовод и канализација-Скопје.