ВМРО-ДПМНЕ: Една милијарда денари годишно од Буџетот ќе одат за повисоки плати на функционерите

од Nikola Popovski
221 прегледи

365 дена порази, понижувања, беда и сиромаштија донесе владата на СДСМ и ДУИ за граѓаните на Македонија. 365 дена мизерија за народот. 365 дена скандали, криминал и корупација. 365 дена богатење и привилегии за функционерите на владата на СДСМ и ДУИ, соопштуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

И додека 600.000 наши сограѓани живеат на работ на сиромаштијата, власта на СДСМ и ДУИ си ги зголеми платите за дури 78 проценти. 80 милиони денари месечно или скоро 1 милијарда денари годишно од државниот буџет ќе одат во џебовите на владините функционери за повисоки плати, додаваат од партијата.

-Стево Пендаровски од 92.000 денари плата, сега со покачувањето од 78 проценти, месечно зема 165.000 денари или над 2.500 евра. Талат Џафери и Димитар Ковачевски со покачување на платите земаат 50 евра повеќе за секој работен ден, односно Џафери зема плата од над 166.000 денари, додека Ковачевски над 156.000 денари.

Платите на Ковачевски, Пендаровски, Џафери, Спасовски, Груби, Османи, Маричиќ, Грковска, Петровска и останатите министри во владата на СДС и ДУИ согласно законот за раст на просечна плата ќе пораснат за дополнителни 400 евра оваа 2024 година, посочуваат од „Белата палата“.

-И додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, едвај преживуваат со енормно зголемените трошоци за живот, Ковачевски и неговите министри од СДС и ДУИ земаат 78 проценти повисоки плати или над 2.500 евра месечно, стои во партиското соопштение.

Слични содржини