183
Состојки:
– 500 гр варени њоки
– 600 гр морски плодови (може и замрзнати)
– 3-4 сардини
– чешне лук
– 3 лажици доматен концентрат
– 2 дл бело вино
– малку сечкан магдонос
– малку сол и бибер
– малку маслиново масло
– 1/2 кора од лимон, изрендана
Подготовка:
На масло пропржете ги морските плодови. Додадете истолчен лук, домати, вино и уште малку вода. Потоа додадете ги сардините, додадете бибер и по потреба малку сол.
Оставете да се крчка на тивок оган околу 20 минути. Кон крајот додадете рендан лимон и магдонос.
Со овој сос прелијте ги сварените њоки, а пред послужување можете да посипете со малку пармезан.