Кишида: Се тркаме со времето за да ги спасиме преживеаните по земјотресот

од Stefanija Kuzmanovska
201 прегледи

Спасувачите се тркаат со времето за да ги извлечат преживеаните од зградите уништени од земјотресот, изјави денеска јапонскиот премиер Фумио Кишида.

Во земјотресот што во понеделникот ја погоди Јапонија, животот го загубија најмалку 48 лица.

„Мораме да се тркаме со времето за да ги најдеме и спасиме жртвите од катастрофата“, изјави јапонскиот премиер Кишида по состанокот посветен на одговорот на катастрофата, пренесува Би-Би-Си.

„Потврдена е многу голема штета, вклучително и бројни жртви, урнати згради и пожари“, рече тој, додавајќи дека им било тешко на спасувачите да стигнат до северниот дел на полуостровот Ното.

Околу 33.000 домаќинства ја поминаа ноќта без струја, додека многу градови останале без вода.

Неколку силни земјотреси, од кои најсилниот беше 7,6 степени според Рихтеровата скала, ја погодија во понеделник јапонската префектура Ишикава, на брегот на Јапонското Море.

Слични содржини