Москва: Соборени четири украински ракети истрелани кон Белгород

од Stefanija Kuzmanovska
185 прегледи

Руското министерство за одбрана денеска соопшти дека уништило четири украински ракети истрелани кон Белгород, кој граничи со Украина и дека во новиот напад биле уништени сите предвидени цели во Киев и Харков на истокот на Украина.

Противвоздушната одбрана денеска околу пладне спречи украински напад со балистички ракети Олха, соопшти руското министерство.

„Четири ракети се уништени над регионот Белгород“, додаде министерството.

Руското министерство за одбрана претходно објави дека во нов голем напад биле уништени сите цели планирани денеска во Киев и неговите предградија, како и во Харков на истокот на Украина.

Министерството увери дека армијата таргетирала само легитимни цели како што се украинските компании за производство на ракети, беспилотни летала и поправка на оружје и воена опрема, како и складишта на ракети, муниција и воздушно оружје, кои му биле доставени на Киев од западните земји.

„Уништени се сите инсталации“, наведе министерството.

Украинските власти утринава соопштија дека руската армија извршила тешки напади врз Украина, во кои загинаа најмалку четворица цивили, а повеќе од 90 се повредени, главно во главниот град Киев и Харков. Украинската армија соопшти дека Русија истрелала 99 ракети од различен тип кон Украина, од кои 72 биле соборени.

Слични содржини