Најстариот дипломец минатата година имал 86 години

од Stefanija Kuzmanovska
248 прегледи

Анџело Марино, поранешен локален функционер во италијанската провинција Сиена, на 86-годишна возраст успеал да се стекне со уште една универзитетска диплома и со тоа да го исполни својот животен сон.

Дипломскиот труд го одбранил на тема „Мојата земја во периодот од 1937 до 1950 година“ и доби диплома по литература, пренесе агенцијата Анса.

Универзитетот во Сиена објави дека нивниот најстар дипломец покажал многу емоции на церемонијата на дипломирање, а членовите на неговото семејство биле видно трогнати.

Марино својата прва диплома по кривично право ја стекнал во 1962 година.

Слични содржини