Украина се соочи со голем проблем во војната со Русија

од Stefanija Kuzmanovska
255 прегледи

Претставникот на Бундестагот од Партијата на зелените, Себастијан Шафер, рече дека украинските вооружени сили имаат само неколку борбени тенкови Леопард 2А6.

Германскиот политичар го повикува Берлин да побрза со чекори кои ќе ја забрзаат поправката на тенковите во рацете на украинските вооружени сили и ќе ја вратат нивната борбена способност, пишува „Шпигел“, а пренесува UkraineToday.org.

„За жал, Украина сè уште може да користи многу мал број испратени борбени тенкови“, рече Шафер, експерт за прашања од буџетот за одбраната.

Според претставниците на сервисната работилница во Литванија, поправките траат многу долго бидејќи ги немаат потребните резервни делови.

Шафер ја посетил фабриката со министерот за одбрана Борис Писториус уште пред Божиќ. Во писмата до компаниите за одбрана, пратеникот забележува дека има „итна потреба да се преземе акција“ за брзо подобрување на состојбата со резервните делови.

Тој наведува дека украинската армија се обидела сама да ги поправи тенковите, но тоа само довело до поголема штета. Затоа, додава Шафер, потребно е да се дознае дали ваквите ситуации може да се спречат со подобра обука на механичарите или дополнителни инструкции. Покрај тоа, неопходно е да се утврди дали поправките може да се извршат директно во Украина.

Како што е познато, Украина доби 21 тенк леопард 2А6-18 од германско производство и три од Португалија. Тие беа испратени во борбите во Украина во октомври минатата година.

Медиумите пишуваа дека тенковите Леопард 2А6 кои Украина ги доби на почетокот на годинава можеби се единствените кои воопшто ќе ги добие.

Слични содржини