Селена Гомез се занимава со музика, глума и е сопственичка на брендот Rare Beauty. Многумина обожаватели на нејзината музика можеби ги растажи веста дека пејачката не чувствува дека уште долго ќе се занимава со музика.
„Почнав да се забавувам со музиката, а турнеите беа забавни. Но, во исто време го правев моето ТВ шоу, беше забавно, па продолжив. Но, колку повеќе годините поминуваат, толку повеќе мислам дека би сакала да најдам нешто што ќе ме смирува“, навела таа во подкастот на емисијата Smartless E!news.
„Чувствувам дека имам уште еден албум во себе, по кој веројатно би се посветила на актерството. Би се одморила, бидејќи сум навистина уморна“, искрена беше Гомез.
Нејзиниот последен албум беше Rare од 2020 година. И покрај нејзиниот музички успех, Гомез не била на турнеја од 2016 година, која ја откажа поради проблеми со менталното здравје. Имала 55 настапи пред да доживее „ментален слом“, како што го нарече нејзин пријател.
Иако многумина ја паметат прво како пејачка, музиката требало да биде само хоби за Селена. Имено, Селена сакала да биде актерка, а во музиката зачекорила кога „Дизни“ ѝ предложил да сними албум откако била ѕвезда на нивната серија Wizards of Waverly Place од 2007 до 2012 година.
Гомез моментално глуми во серијата Only Murders in the Building со Мартин Шорт и Стив Мартин. Во 2020 година таа го основаше брендот Rare Beauty.