ВМРО-ДПМНЕ: Во здравството никогаш не било полошо

од Nikola Popovski
224 прегледи

„Власта предводена од СДС и ДУИ го урниса здравствениот систем. Власта на СДС и ДУИ го уништи здравството редејќи скандали. Наместо да инвестира во медицински кадар, во апарати и во  инфртаструктура во здравството  ги полнеше своите џебови, а заборави на граѓаните“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека „власта на СДС и ДУИ ја сведе довербата на граѓаните во овој ресор на минимум“.

-Тоа го стори особено со скандалот Онкологија. Скандалот Онкологија за кој сите знаеја веќе две години, власта предводена од СДС и ДУИ го обелодени кон крајот на септември минатата година. На Клиниката за онкологија се работело без протоколи, без стручни колегиуми, оттука дел од пациентите не добивале воопшто  терапија. И зошто? Само лица од власта да профитираат од маката на граѓаните. Сето тоа пациентите ги чинеше скапо, ги чинеше живот, велат од „Белата палата“.

Додаваат дека по овој и по скандалите кон крајот на минатата година на Клиниката за гинекологија се гледа само мешање на власта предводена од СДСМ и ДУИ.

-Овие скандали покажуваат дека менаџментот во здравствените установи е исклучиво политички избор, а се заборава на стручноста. Се заборава на граѓаните кои плаќаат скапо, плаќаат со живот. Во здравството никогаш не било полошо, затоа треба да се стави крај на лошите политики на СДС и ДУИ, стои во соопштението од партијата.

Слични содржини