Несреќа на патот Гостивар-Кичево, сообраќајот во прекин

од Nikola Popovski
964 прегледи

Од 07:15 часот на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на каменоломот, има сообраќајна незгода, поради што сообраќајот е во прекин во двата правци, информираат утрово од Автомото Сојузот на Македонија.

Додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежжно влажни коловози. Појава на магла со видливост од 50 м. до 100 м. има на патниот правец Скопје – Петровец и по Повардарието, додека видливост до 50 м. има од Струмица кон г.п. Ново Село.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини