Кшиштоф Гавковски му предложил денеска на претседателот на Полска, Анджеј Дуда, да ја провери безбедноста на пристапот до неговите профили на социјалните мрежи откако излезе бизарна објава со вулгарна содржина поврзана со неговата сопруга.
Објавата беше брзо избришана, но корисниците на Интернет направија „скрин шот“ кој беше споделуван, што предизвика шеги, но и критики дека шефот на државата не бил доволно внимателен за своето онлајн однесување, објави АП.
Од кабинетот на Дуда не објаснија на што се однесува пораката објавена на платформата Х (Твитер), ниту пак објаснија како е објавена.
Владата, предводена од политичкиот ривал на Дуда, премиерот Доналд Туск, сугерираше дека претседателот треба да биде повнимателен и рече дека може да понуди безбедносна помош.
„Поради фактот што на профилот на претседателот Анджеј Дуда се појави необична објава на платформата Х, која исчезна многу брзо, побарав од претседателот да ја провери безбедноста на пристапот до неговите социјални мрежи“, навел министерот за дигитални прашања Кшиштоф Гавковски.
Во минатото, Дуда соработуваше со анонимни корисници на социјалните мрежи.