Меѓународните резерви на Украина се зголемени за 4,4 отсто на 40,5 милијарди долари

од Vladimir Zorba
211 прегледи

Меѓународните резерви на Украина се зголемени за 4,4 отсто на 40,5 милијарди долари од 38,8 милијарди долари во декември, објави денеска Националната банка на Украина (НБУ).

Девизните резерви на Украина достигнаа рекордни 41,7 милијарди долари во јули 2023 година, но потоа беа во пад четири месеци, а сегашното зголемување најмногу се должи на приливот на девизи од меѓународните сојузници на Украина, додаваат од НБУ.

Киев добил најмногу пари во декември преку Светската банка, Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), но во истиот период морал да издвои повеќе од 700 милиони долари за плаќање или сервисирање на јавниот долг, пренесува Kyiv Independent.

Финансиските резерви на Украина сега се значително повисоки отколку во јануари 2023 година, кога изнесуваа 28,5 милијарди долари.

Слични содржини