Американскиот суд денеска ја одпечати третата серија документи од тужбата поврзана со сексуалниот предатор Џефри Епштајн, јавуваат медиумите.
Објавувањето на новите документи доаѓа откако веќе беа објавени стотици страници документи кои беа одпечатени во средата и четвртокот, јавува CNN.
Документите се дел од граѓанската тужба за клевета од 2015 година, поднесена против Епштајн од Вирџинија Гифр, Американка која тврди дека сексуално ја злоставувал кога била малолетна, и неговата партнерка Џилијан Максвел, која му помогнала во злоставувањето.
Документите, вклучително и материјалот што допрва треба да биде отпечатен, се очекува да содржи речиси 200 имиња, вклучително и некои од обвинетите на Епштајн, истакнати бизнисмени, политичари и многу други.