Разговор меѓу контролата на летање и екипажот на авионот кој изгуби дел од трупот: „Имаме 177 патници…“

од Nikola Popovski
348 прегледи

Патнички авион изгуби дел од трупот за време на лет, поради што во петокот принудно слета во американската сојузна држава Орегон, јавува Би-Би-Си.

Британскиот телевизиски сервис објави снимка од моментот кога персоналот на летот 1282 на „Alaska Airlines“ разговарал со контролата на летање додека се одвивал инцидентот.

„Би сакале да се спуштиме ако е можно“, рекол персоналот, на што контролата на летот им одговорил да „одржат 7.000 стапки“.

Контролата на летање потоа ги прашала дали пријавиле итен случај.

„Да, тоа е итен случај. Го губиме притисокот, мора да се вратиме… Имаме 177 патници“, одговориле од авионот.

Авиокомпанијата соопштила дека „привремено“ ќе ги приземји сите 65 од своите авиони „737 Max 9“ за проверка.

Слични содржини