Регистрирана африканска чума меѓу свињи во Куманово

од Nikola Popovski
254 прегледи

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржал состанок на Општински штаб за заштита и спасување во проширен состав, заради појава на свинската болест африканска чума. Ова го објави градоначалникот Максим Димитриевски на социјалните мрежи.

-На состанокот се донесени неколку заклучоци: Секој орган да постапи во согласност со своите надлежности и овластувања, да се почитуваат сите мерки за спречување и сузбивање на ширење на болеста “Африканска чума” кај свињите; Агенција за храна и ветеринарство да ги превземе сите потребни заштитни мерки при транспорт од жариштето на болеста до утврдената локација за закоп на угинати свињи и да постапува согласно своите протоколи за работа при вршење на закопот, информира Димитриевски.

Посочува и дека треба Општина Куманово, преку јавните претпријатија да пружи целосна логистичка поддршка во однос на обезбедување на механизација потребна за спроведување на постапките од страна на АХВ.

Од АХВ вчера потврдија дека во Кумановско повторно е регистрирана болеста африканска чума кај свињи. Засега состојбата е стабилна. На фармата со 600 животни од различни категории, угинати се 60 свињи и во моментот се спроведуваат мерки за депопулација. Од Агенцијата велат во засегнатите подрачја воспоставени се заштитна и зона под надзор.

Слични содржини